Шефот на , Маурицио Аривабене, смета дека неговата екипа треба да го надмине стравот од победа за конечно да го победи Мерцедес.

Речиси заврши уште една сезоина во која Ферари ја загуби возачката титула, а на добар пат е истото да го направи и со конструкторската и се тоа поради проблеми во вториот дел од сезоната, нешто што Маурицио смета дека е поради потешкотии со носење со притисокот. Тој ја спореди нивната ситуација со тенис, кога целиот натпревар може да се “сврти“ по еден поен.

има области во кои тие се супериорни, но и други каде што не се, а сепак сметам дека ние немаме навика за победување. за нив 1-2 победа е речиси вообичаено, додека за нас е исклучителен и редок настан. мораме да бидеме повеќе свесни што тоа значи и да не се плашиме од победа.

во тенис тоа го викаат “il braccino“ односно страв од победа кој доаѓа кога сте блиску до целта. мораме да веруваме во себе и да ја направиме победата наша навика – анализира маурицио.

Аривабене смета дека научиле важни работи од оваа сезона во која било битно да не се наоѓаат грешки каде ќе биде насочена вината доколку работите тргнат наопаку. По дебаклот на квалификациите во Јапонија, Маурицио призна дека било единствен момент каде “се загбил“.

имаше момент годинава кога бевме фантастични, но и фаза кога вината се бараше во возачот и на крајот период во кој винвен беше болидот. на крајот разбравме дека победуваме и губиме заедно. имаше грешки од фетел и грешки од ферари, но лекциите се разбрани и нема потреба да се обвинува никој.

имаме менаџер на тимот, а тука сум и јас. се налутив еднаш во сузука, но мислам дека едно излегување од кожа во помалку од четири години е прифатливо.

кога работите ќе тргнат наопаку јас сум тука, тоа сите го знаат. кога се е во ред, наоѓам задоволство да седам под подиумот, да ја пеам химната и да аплаудирам. можеби еднаш ќе се качам на подиум, но има доста долга листа на луѓе кои заслужуваат да се горе повеќе од мене.

Италијанецот не заборави да посочи дека е важно Фетел да почувствува целосна поддршка од екипата особено по некои грешки кои сезонава го чинеа многу.

раиконен и фетел се доста слични, но додека со кими во одредени моменти треба да разговарата повеќе, на себ треба да му дадете целосна поддршка.  беше многу критикуван по тоа што се случи во монца, но тој само се обидуваше да ги задоволи фановите и се мачеше да “проголта“ се што се случуваше тој викенд.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.