Маурицио Аривабене јавно му се извини на Валтери Ботас што го нарече слуга во Мерцедес. Забелешката на италијанецот беше направена откако благодарение на Валтери, Кими Раиконен го загуби водството во Монца, а Луис Хамилтон триумфираше во срцето на тифозите.

Ние имаме возачи, немаме слуги – изјави Маурицио по трката откако беше запрашан дали Кими би се жртвувал на тој начин за Себ и би го направил истото.

Но, од сегашен аспект, Аривабене се кае за лошиот избор на зборови.

Штом го кажав тоа во целата жештина н борбата, знаев дека ќе приредам контроверзија. Одтогаш му пратив неколку пораки на Ботас, сакав да му се извинам и да му објаснам што значеше мојот коментар. Ми се испушти и тоа не е епитет кој треба да му го  кажам на него. Го ценам тоа што ми врати на пораките и целосно ме разбира што сакав да кажам – појасни Аривабене за италијански Autosprint.

Лошиот ден за Ферари почна уште на стартот од трката кога Раиконен не остави место за Ветел по што овој загуби ритам и беше минат од Хамилтон. Тимскиот шеф појасни дека не очекувал поинакво возење од Кими со оглед на тоа што не биле договорени никакви тимски наредби.

Им кажав само да не направат никаква глупост. Велат дека Кими направил нешто против Себастијан, но што требаше всушност да направи?

Го направи истото што и Себастијан Ветел и Луис Хамилтон ќе го направеа да тргне од пол позиција. Целосно е глупаво да се посочува некој виновник на толку многу трки до крајот на сезоната.

Не е важно кој направил грешка, дали возачот или екипата. Некој мора да одговара, а тоа сум јас – смета Маурицио.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.