Тимскиот шеф на Ферари, Маурицио Аривабене, изјави дека вратата во Маранело секогаш е отворена за Мик Шумахер, син на седумкратниот Формула 1 првак Михаел Шумахер. Јуниорот стигна до 3 победи на тркачки викенд за време на Формула 3 настанот на Нирбургринг и со тоа се доближи на само три поени од Дан Тиктум во борбата за титула во таа серија.

Долго време се зборуваше дека Мик ќе стане дел од Академијата на Ферари, но на крајот остана независен без ексклузивност кон ниедна Формула 1 екипа.

Во врска со Мик Шумахер, мислам дека најважна работа е тој да расне и да се развива без да се става под притисок. Последните резултати се многу, многу добри и му посакувам фантастична кариера. Со такви име напшано во историјата на Ферари, вратата а него во Маранело е секогаш отворено, тоа се подразбира. Сепак, неговата кариера е одлука на семејството Шумахер.

Да го оставиме момчето да се забавува, јас секогаш го кажувам тоа, треба да остане фокусиран, сконцентриран, но да му е забавно, бавно да расне и да се развива, но со сигурни чекори. Како можеме ние како Ферари да кажеме НЕ на такво име – појасни Аривабене.

Формула 3 кариерата на Мик е поддржана од страна на Мерцедес за кои извозе и кругови со нивното ДТМ возило како дел од промотивните активности на Нирбургринг. Се очекува младиот германец следната година да мине во Формула 2 како последно скалило пред кремот пред моторспортот.

Во врска со дозолата да вози Формула 1 болид, за тоа се потребни 40 поени во текот на три години, а германецот веќе има 22. Шампионска титула во Европската Формула 3 му носи 30 поени, второ место 25, а трето 20, така што тој ќе ги има потребните поени до крајот на орваа сезона.

Последни двајца возачи кои дојдоа во Формула 1 директно од Формула 3 се Макс Верстапен и Ленс Строл.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.