Аривабене повикува на смиреност

679

Тимскиот шеф на Ферари, Маурицио Аривабене, повикува на смиреност во екипата откако италијанците имаа два викенда по ред на кои беа најбрзи, но не победија. Во Германија Ветел излета и заврши во ограда додека водеше по што го загуби лидерското место во поредокот, а во Унгарија беа најбрзи, но лошо се покажаа на мокрите квалификации.

На патека на кој претекнувањето е секогаш многу тешко, успеавме да завршиме подобро одошто почнавме благодарение на трудот на сите од екипата и перформансите на двајцата возачи – смета Аривабене.

Тркачката серија оди на заслужена пауза од еден месец, а по неочекуваните порази кон крајот и ненадејната смрт на Претседателот Серџо Маркионе, тимскиот шеф повикува на смиреност.

Сеуште имаме една недела работа на тест пред летната пауза што ќе ни овозможи мирно да се посветиме на трките кои доаѓаат. Сеуште има долг пат сезонава, но важно е да работиме мирно и решително.


Аривабене повикува на смиреност

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>