Аривабене очекува тежок Силверстон

344
   

Ферари дојде до чело на возачкиот и конструкторскиот поредок по трката во Австрија, но шефот Маурицио Аривабене се плаши дека може да загубат веќе на претстојната трка во Велика Британија. Последната победа на црвените болиди во силверстон беше во 2011 година со Фернандо Алонсо, а одтогаш трката ја доминра Мерцедес со 6 последователни победи.

Ферари лани беа на подиум со 3то место на Кими Раиконен, но Маурицио признава дека очекуваат тежок викенд.

На хартија, Силверстон е многу тешка патека за нас. Аеродинамиката е многу важна, трката ќе биде напорна за нас, но мораме да останеме фокусирани и посветени – најави Аривабене.

Мерцедес секако дека ќе биде екипата која треба да се победи во Англија, но така беше и во Австрија и во Канада, трки ои “сребрените“ ги загубија.

Понекогаш се зборува прегласно и преуверено. Во Формула 1 може да донесете интересна новина и подобрување, но можеби времето е претопло и ништо нема да добиете.


Аривабене очекува тежок Силверстон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>