Тимскиот шеф на Ферари, Маурицио Аривабене, изјави дека Скудерија Ферари останува силен и обединет позади нивниот поразен возач Себастијан Фетел. Луис Хамилтон ја освои титулата во Мексико благодарение на разликата направена од четирите победи од Монца до Сузука.

Во слично сценарио како 2017 година, Ферари ја загуби титулата во вториот дел од сезоната поради грешки на тимот и на Фетел, иако Скудерија имаше корист од одлично подготвениот и брз болид.

Не се предаваме. Конструкторскиот шампионат е отворен и имаме сеуште поени што треба да се освојат до крајот и нема да се откажеме – најави Маурицио.

Иако Фетел има разочарувачки втор дел од сезоната, Аривабене уверува дека возачот ја има целосната подршка од тимот.

Треба да сме блиску до него во вакви моменти и да не го оставиме сам. Треба да бидеш силен за да продолжиш напред. Докажавме дека може да сме заедно во било каква ситуација. Сега продолжуваме напред.

Шефот на Скудерија имаше и коментар за Мерцедес и Хамилтон по нивното достигнување во Мексико.

Не зборувам за другите. Се доближивме до нив во последните две трки, но останувам на вас да пресудите. Честитки до Хамилтон но сега одиме на констукторксата титула. Ќе биде тешко но нема да се откажеме.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.