Ферари беа фаворити за победа во Италија но сепак забавата ја расипа Мерцедес со Луис Хамилтон, што го натера шефот на Ферари да го критикува германскиот тим.

Италијанскиот тим направи тоа што се очекуваше во саботата, но не успеа да триумфира пред нивните фанови на Монца.

Себастијан Ветел се изврте на почетокот на трката и мораше да го замени својот преден дел. Кими Раиконен остана напред поголемиот дел од трката но по боксот заглави зад Валтери Ботас кој го успоруваше за Хамилтон да му се приближи.

Фановите беа одлични во Италија, но ги разочаравме. Ќе работиме да се подобриме. Ние немаме робови туку вистински возачи кои прават грешки од време на време. Ја загубивме трката поради Ботас. Кими заглави зад него и ги уништи гумите. Ветел е друга приказна и ебвме изненадени што Хамилтон е на неговата надворешна страна. Од тој момент беше тешко но Себ заврши одлично на четврта позиција.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.