Аривабене: Не сум луд да давам тимски наредби на старт

469

Тимскиот шеф на Ферари, Маурицио Аривабене луто ја отфрли можноста да се воведат тимски наредби кај неговите возачи при стартовите на трките.

Сакам да сум јасен еднаш засекогаш. Кој е луд да дава тимски наредби на возач на стартот од трка ? – запраша Маурицио.

Ваквите коментари следуваа по развојот на настаните на последната Гранд При трка во Италија на која Раиконен освои пол позиција и имаше одврзани раце да победи, иако до него се квалификуваше Себастијан Ветел кој го брка Луис Хамилтон во поредокот кај возачите. По стартот, Раиконен тркачки ја одбрани позицијата, а Ветел имаше контакт со Хамилтон откако нетрпеливо сакаше да си го врати загубеното мето во поредокот.

Ферари беа критикувани поради тоа што дозволиле премногу непредвидени работи да се случат за кусо време и покрај тоа што го имале првиот ред за себе и морале да се договорат како да постапат.

Се што правиме е максимално професионално. Пред трката ги гледаме стартовите од претходните трки. Нашиот тимски менаџер дава инструкции на возачите за најдобрата линија која би требало да ја следат. Но, единствено нешто што можете да го кажете на возачите е дека сакате чисто да минат на првата кривина.

Останатото е глупости и тоа ќе ви го објаснам. Кими имаше пол позиција во Монца тоа е јасно, Себастијан беше 8 метри зад него, мислите дека Кими знаеше каде е Себастијан? Мислите дека ќе ми кажеме на Кими да забави и да го пропушти Ветел, не грижејќи се дека Хамилтон ќе ги мине двајцата?

Проблемот во Монца е што нема време да се дадат наредби на никој затоа што првата кривина е таква што може се да се случи. Не очекувајте да им наредувам на возачите што да прават на стартот на трката, треба само да се грижат безбедно да ја минат првата кривина.


Аривабене: Не сум луд да давам тимски наредби на старт

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>