Аривабене: Нешто ни недостасуваше

516
   

Маурицио Аривабене прифаќа дека нешто им недостасувало на Ферари на Големата награда на Русија откако го доживејаа третиот пораз по ред од Мерцедес. По грешката на Фетел во Германија, Луис поведе во поредокот, а во моментов има 50 поени предност на 5 трки пред крајот на сезоната.

“Црвените“ не беа лоши за време на тренинг сесиите, но на квалификациите беа половина секунда зад Мерцедес.

Од Петокот викендот во Сочи е тежок за нас. И покрај се што направивме да го најдеме идеалниот сетап, не бевме доволно конкурентни да ги размрдаме најблиските ривали. Споредено со нашите перформанси на другите патеки, овдека нешто ни недостасуваше и поради тоа не успејавме да ја намалиме бодовната предност.

На хартија, следната трка во Јапонија треба да биде слична со онаа во Силверстон, така што во Сузука ќе имаме појасна индикација за потенцијалот на нашиот болид. Ако се е како што треба и покрај заостатокот кој го имаме во поредокот, ќе имаме оружје да се бориме до самиот крај на сезоната – смета Маурицио Аривабене, шефот на екипата.


Аривабене: Нешто ни недостасуваше

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>