Аривабене: Неприфатлива грешка

3288
   

Шефот на Ферари, Маурицио Аривабене ја окарактеризира грешата со изборот на гуми во тимот како неприфатлива и сметаше дека не провладувал здравиот разум. Надежта за продолжување на борбата за титула за Себастијан Фетел повторно претрпе удар откако германецот беше пуштен во својот прв К3 обид со интермедиа гуми по верувањето на италијанците дека дождот веднаш ќе се засили.

Скудерија едвај комплетираа инсталациски круг пред да сфатат дека погрешиле и да ги повикаат возачите назад во гаражата по мазни гуми, по што круговите на Кими и Себ не беа чисти поради се помократа патека. Финецот на крај успеа да избори 4то место, додека Фетел имаше 9то време, но поради казната на Окон ќе ја почне трката една позиција погоре.

Од начинот на кој беше сработен викендот, не мислам дека пол позицијата ни беше на дофат, но тоа што денеска се случи е неприфатливо. Многу сум лут затоа што не е прв пат да правиме вакви грешки и не сакам да посочувам виновници, но разочаран сум многу – лут е Маурицио.

Иако одби да посочи со име кој е виновен за лошата стратегија, италијанецот смета дека одлуктие кои се носат биле лоши и веројатно дека на тимот му недостасувало водство и насока од менаџмент со поголемо искуство.

За разлика од другите прилики овој пат беше полесно да се разбере што се случува на патеката затоа што сите кои влегоа во К3 го напуштија боксот со мазни гуми. Понекогаш е многу корисно да ги тргнете очите од компјутерите и да ја гледате патеката и логично да размислувате.

Вистина е дека сме млада екипа и веројатно ни недостасува некоја “стара рака“, искусен човек способен да лита вакви ситуации точно и навремено – смета Аривабене.

Екипата во моментов е целосно фокусирана да се поправи за грешката која ја направијан а квалификациите, но шефот не исклучува инцидентите од оваа сезона да донесат организациски промени по крајот на првенството.

Калкулациите се прават на крајот на годината и доколку е потребно ќе се интервенира.


Аривабене: Неприфатлива грешка

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>