Аривабене: Наша цел е да се постигне невозможното

546
   

Тимскиот шеф на Ферари, Маурицио Аривабене, имаше проблеми со тимот на квалификациите, а на денешната трка тој повторно мораше да ги гледа своите возачи како имаат проблеми на патеката. Тој даде помалку емотивна изјава дека сеуште верува оти тимот може да го достигне невозможното.

Нивните ривали од Мерцедес доминираа овој викенд во Сузука, а Скудерија мака мачеше со Макс Верстапен кој им ја уништи трката на двајцата нивни возачи.

Вчера имавме проблем и сите тоа го знаеме, кажав дека сум разочаран, но сепак победуваме и губиме заедно. Сакам да изјавам дека возачите и тимот реагираа одлично. Околносите на трката беа други и беше јасно дека подиумот не може да го стигнеме. На наредните трки ќе се обидеме да го стигнеме недостижното – најави Маурицио.

Аривабене не сака да обвинува никој за проблемите овој викенд.

Зошто треба некој да е крив за грешките. Веста за казната ја добивме доцна, а Себастијан си ја работеше работата. Ако сакате да зборуваме за тркачки инцидент тогаш го прифаќам тоа, но не го искористивме потенцијалот.


Аривабене: Наша цел е да се постигне невозможното

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>