Аривабене лут на шпекулациите околу вториот сензор од ФИА

536
   

Ферари предупреди дека протекувањето на технички информации е сериозно и треба во иднина да се спречи, откако по инсталирањето на вториот сензор на батеријата од нивниот болид, се предизвикаа контроверзи. Една од теориите кои кружат е дека падот на перформансите на Ферари се должи на инсталирањето на вториот сензор на батеријата од страна на ФИА.

Ферари ги отфрли гласините, но Маурицио Аривабене е загрижен дека со вториот сензор јавноста дознала повеќе работи.

Изгледот на нашата батерија е доста комплексен и ние имавме барање од ФИА да работиме со нив. Тие ставија втор сензор, но тоа не е причина за нашите перформанси. Покрај тоа чудно е што сите знаат за вториот сензор, батеријата е интелектуална сопственост на Ферари. Сите знаат за сензорот и во иднина никој нема да биде информиран за нашиот проект. Тоа е сериозна работа – луто објасни Аривабене.

Во текот на сезоната, ФИА инсталираше два сензора во моторот на Ферари да го проверат моторот дали има нешто нелегално со системот за повраток на енергија. Фактот што Ферари нема победа на трки во последно време предизвика гласини поврзани со сензорите.

Тоа нема врска со брзината на правецот, бидејќи во Сингапур и Русија бевме побрзи. Таму бевме блиску до нашите конкуренти, речиси исти како Мерцедес, губевме само во бавни свиоци. Имаме податоци да го потврдиме тоа.

Аривабене проблемот го гледа во тоа што сеуште немаат решение на користење на гумите како Мерцедес.

Страдаме на трки со средна или висока потисна сила. Посебно во спори свиоци имаме проблем. Ни недостасува притисок кој води до проблем со менаџирање на гумите бидејќи не секогаш гумите работат на ист начин.


Аривабене лут на шпекулациите околу вториот сензор од ФИА

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>