Аривабене: Леклер е моја одлука

603

Тимскиот шеф на Ферари, Маурицио Аривабене, откри дека одлуката да се замени искусниот ветеран Кими Раиконен со младиот и талентиран Шарл Леклер за следната година била негова. 20-годишникот импресионираше во својата прва Формула 1 сезона во скромните Заубер, така што членот на Академијата експресно напредувше од ГП3 во Формула 2, Формула 1 и на крајот во Ферари во само 4 години.

Договорот за 2019 година претставува прекршување на долгогодишната традиција во Маранело да се носат само искусни и провени возачи, затоа што Шарл е вториот најмлад во историјата на тимот. Некои сметаат дека дебитантот ќе го наруши “раатот“ на Себастијан Ветел кој работи во мир незагрозен од Кими Раиконен.

Кога правите ваков избор кој се однесува на возач не може да се обврзете на кус рок, тоа треба да е долгорочен договор и соработка. Не само што гледаме кон следната година, туку гледаме и кон иднината на тимот.

Таа одлука ја донесов јас, разговарав во врвниот менаџмент и зедов во предвид многу, многу фактори. Не се работи за непочитување кон Кими затоа што имам огромна почит кон него како кон возач така и кон човек.

Ако треба да донесете одлука за иднината на кеипата тогаш мора да ја донесете вистинската за вас, но и за Кими кого многу го цениме по се што има направено за нас и поради тоа му посакуваме се најдобро во иднина – објасни Аривабене.

Италијанецот потврди дека чекорот за сеуште актуелниот Формула 2 првак е огромен и поради тоа тимот нема да бара премногу во прво време од возачот.

Прва грешка е да ставиме преголем притисок и очекувања од момчето, тоа потенцијално е огромна грешка. Тој потпиша прв договор со Академијата на Ферари во Ноември 2015 година, направивме Формула 1 иднина за него осигурувајќи се дека младите возачи кои ги поддржуваме со тек на време сигурно ќе напредуваат.


Booking.com

Аривабене: Леклер е моја одлука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>