Шефот на Ферари, Маурицио , ги демандиташе лажните вести кои се појавија во медиумите, а во врска со неговиот технички директор Матиа Биното, неговата незадоволност и желба да замине од Маранело.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Откако пропадна надежта за возачка титула во Скудерија, медиумите пренесоа дека односот на Биното и Аривабене станал многу лош, а ривалите, пред се Мерцедес и Рено пројавиле интерес за услугите на италијанскиот инженер. Матиа се смета за “главен виновинк“ за одличните перформанси сезонава на СФ71Х болидот откако на средината од минатата сезона го замени Џејмс Алисон кој замина во Мерцедес.

ајде да ја разјасниме работата еднаш засекогаш, гласините за матиа се лажни вести пласирани да создадат нестабилност во екипата, обид да се создадат проблеми онаму каде што нема и поради тоа не сакам повеќе да коментирам лажни вести. во текот на сезонава имаше многу обиди да се дестабилизира екипата, понекогаш со приказни за возачите, понекогаш за останатиот персонал. што мислам јас за тоа…? прашајте го мојот шеф луи камилиери – изјави маурицио за италијанските медиуми.

Тој додаде дека не брза да потпише засилувања на својот тим за2019 година поради тоа што остануваат уште две трки и имаат достижни 53 поени заостаток зад Мерцедес кај конструкторите.

никој не најавил никакви заминувања, веројатно ќе зборуваме за засилувања. но, за тоа е потребно време, ќе размислуваме следната сезона, тимот е тој, добар е и компактен.

доколу има нови членови, ќе дојдат без никаква помпа и ќе дојдат само доколку имаме реална потреба од нив. клучна е стабилноста и никој нема да го наруши тоа. на екипа која добро работи не и требаат засилувања и рволуции. лично не верувам во револуции туку во еволуции – заклучи аривабене.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.