Шефот на Феррари, Маурицио Аривабене, појасни дека Себастијан Ветел немал право на избор во врска со неговиот тимски колега за следната година. Тој никогаш не пропушта да го пофали неговиот однос со Кими Раиконен, но следната година нема да возат заедно.

Во Сингапур, Маурицио беше запрашан дали гемрнаецот имал удел во замената со Заубер, Раиконен за Леклер, а италијанецот категорично демантираше.

Никаква улога. Тој е наш возач, не е шеф на екипата. Мојата работа е да се грижам за ситуацијата и да разговарам со моите шефови во врска со долгорочните планови и стратегии – појасни Аривабене.

На петочната прес коференција италијанецот откри дека долгорочниот план на тимот го вклучува и Шарл Леклер со кого е потпишан договор со важност до крајот на 2022 година.

Времињата во Формула 1 се менуваат, но најважно за нас е да ја зачуваме наѓата ДНК, нашата препознатливост. Гасли е сега со Ред Бул, Мекларен си го имаат својот дебитант Норис, а и ние гледаме кон иднината.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.