Тимскиот шеф на Ферари, Маурицио Аривабене, смета дека било многу важно за тимот да победи на Хокенхајмринг, но не успејаа во тоа поради грешката на Себастијан Ветел. Германецот изгледаше на пат кон рутинска победа пред да се излизга во оградата, а неговиот колега Кими Раиконен промени гуми под Безбедносно возило и ја загуби позицијата.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Мерцедес дојде до изненадувачка 1-2 победа која ни самите не ја очекуваа, а Кими стигна до подиум.

Викендот беше многу тежок и емотивен за Скудерија откако се дозна дека нивниот довчерашен Претседател, Серџо Маркионе, поради здравствената состојба се повлекува од функцијата и се наоѓа во кома.

Ова беше премногу тежок викенд за нас, за сите во екипата и ќе беше многу важно да однесеме победа во ќфабриката. Нашиот болид беше фантастичен и покажа дека може да победи.

За жал, работите не се одвиваа како што планиравме. Кими извозе одлична трка за да дојде до подиум. Одиме уште погладни во Унгарија решени да дадеме се од себе и со победа да одиме на летна пауза – најави Маурицио.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.