Формула 1 легендата и поранешен возач на , Марио , смета дека Себастијан Фетел треба да го предводи тимот во новата ера под Матиа Биното, но не е толку сигурен дека промоцијата на младиот Шарл Леклер е добра.

фетел е вистински возач за ферари. се сеќавам во неговата прва година во ред бул го прашав кои му се целите за во иднина и тој веднаш ми одговори дека цел му е да вози за ферари. тој е вистинскиот за работата.

тешко е да се каже кој е подобар помеѓу хамилтон и фетел затоа што возат различни болиди, но како и да е и двајцата се одлични.

тандемот леклер-фетел се чини добар, алтернатива беше да се продолжи со кими раиконен затоа што себастијан одлично се служуваше со него, но ќе видиме. леклер е одличен и му претстои одлична иднина. идејата да се промовира во скудерија беше на серџо маркионе, но не знам дека тоа е направено во вистински момент.

секој тим мора да има прв и втор возач, а да се има два први возачи во една екипа, никогаш не е добра идеја – изјави андрети во своето интервју за Sky Italia.

Марио стана Формула 1 првак со Лотус во 1978 година откако таа сезона се постигна договор дека неговиот колега, Рони Питерсон, нема да го напаѓа и предизвикува и покрај тоа што на неколку трки беше побрз болид. Во тоа време, шефот на Лотус, Колин Чепман, изјави дека Питерсон со чест и спортски пристап го испочитувал договореното, нешто што во денешниот модерен свет не постои.

Освен славниот период минат со Лотус, Андрети имаше и 12 извозени трки за Ферари, а победи на дебито за нив во 1971 година во Јужна Африка.

промената во ферари не ме изненадува многу затоа што кај нив секогаш владее правилото дека ако не се победува, некој мора да замине. видовме дека тоа се случи со стефано доменикали кој беше одличен како шеф, но главниот секогаш треба да ја превземе вината.

ферари секогаш мора да биде на врвот за да го задржи интересот за спортот. никој не работи понапорно од ферари затоа што тие дишат и живеат за формула 1.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.