Заубер ќе имаат многу поголем буџет претсојнава сезона откако целосно се ребрендираа и ќе се тркаат како Рејсинг, при тоа враќајќи го славниот италијански бренд на гридот.

Преименувањето е превземање на поголема обврска од страна на швајцарците и посилна сорабока со Ферари, затоа што Скудерија има исти сопственик со Алфа Ромео. BudgetBookGP тврди дека ланското спонзорство од 50 милиони евра од страна на Алфа Ромео, ќе биде двојно зголемено претстојнава сезона, по што тимот ќе има одличен буџет од околу 250 милиони евра за 2019 година. Со толку финансиски средства, тимот ќе може да се носи во секој поглед со Рено и Мекларен.

се работи за долг процес и одиме чекор по чекор. потпишавме одличен договор со ферари за моторите, потоа дојде и алфа ромео и станавме многу поатрактивни за сите.

кими раиконен ќе биде одличен репер за инженерите кои се фокусирани на развој на болидот. сеуште сме млада екипа зата што многу работи менуваме во структурата така што лидер како кими ќе ни биде од огромна помош – објасни шефот фредерик .

Во врска со целта за претсојната сезона, Фред најави дека и со зголемениот буџет, топ 3 екипите се надвор од нивниот домет.

отворено е се. по мене ќе биде одлична трка во вториот дел од поредокот и можеме да очекуваме да бидеме најдобри од останатите.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.