Запознајте ги Џулија и Стелвио во специјално Алфа Ромео Рејсинг Ф1 издание.

Квадрофоглио верзијата со 503 коњски сили од салонскиот автомобил, како и џип на Алфа Ромео, добија шари сличнни на Формула 1 болидот, со црвени детали поставени над бела боја.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Логото на Алфа се појавува во три делови од автомобилите, на хаубата и на задните столбови, додека пневматиците се тие од жолтото издание на Пирели.

Во двата автомобила е вграден В6 мотор кој располага со 503 коњски сили, со погон на задните тркала во Џулија и погон на сите четири тркала во Стелвио. Во истите се користи автоматска менувачка кутија со 8 брзини, управувач од Алкантара и карбон, како и седишта изработени од Спарко.

Доколку тоа не е доволно за голема врева, во Формула 1 изданието на Џулија и Стелвио се користи Акрапович издувен систем, поради што тие најверојатно ќе звучат подобро и од самите Формула 1 болиди.

Двата модела ќе бидат прикажани на саемот за автомобили во Женева во Март. Во однос на цената, се очекува Ф1 изданието на Џулија да биде 23,000 евра повеќе од стандардниот модел, односно блиску од 105,000 евра.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.