Алфа Ромео Рејсинг или поранешен Заубер, најавува радикален и изненадувачки дизајн на својот болид за 2019 година, тврди италијанска La Gazzetta dello Sport.

Тиражниот весник пренесува дека болидот ќе има радикална форма и дека истиот е дизајниран со мала дозна на претпазливост.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Исто така, Фредерик Васур во текот на зимата донел многу нов персонал во фабриката откако соработката со Ферари се засилила, а Кими Раиконен е во тимот и од таква екипа се очекуваат резултати.

Овогодинешниот болид е целосно развиен и дизајниран под будното око на дизајнерот на Ферари, Симоне Реста и ќе има иновации кои швајцарците најавуваат дека ќе ги нема ниту еден друг болид.

La Gazzetta dello Sport исто така пренесува дека финецот Раиконен многу често во Јануари бил присутен во фабриката на тиот во Хинвил.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.