Алонсо: 70% од развојот на болидот е насочен кон 2019

123

Фернандо Алонсо истакна дека 70 проценти од моменталните напори во проблематичниот болид на Мекларен се фокусирани на 2019 година и истакна дека досега тие вовеле само едно значително подобрување.

За време на Британското Гранд При, Мекларен признаа дека МЦЛ33 има помалку потисна сила од болидот во 2017 година и дека тимот ги користи петочните тренинг сесии како експеримент за нови делови и наоѓање на проблемот.

Алонсо смета дека Мекларен сега имаат сознание зошто нивниот болид е проблематичен, но решение за истите би одзеле премногу време, така што наместо тоа, тие инвестираат 70 проценти од своето познавање на болидот за наредната година.

Работиме многу напорно и длабински за да ги откриеме слабостите на болидот. По три од четири петочни сесии, Т1, работејќи на развојот на аеродинамиката, знаеме дека можеби ќе треба да направиме компромис во тркачкиот викенд и во перформансите во квалификациите, но собираме многу податоци и мислам дека знеме што точно се случува.

За оваа година постојат решенија, но 70 проценти од тие сознанија ќе бидат насочени кон болидот за наредната сезона, со времето потребно за воздушен тунел и развој, подобро е да се инвестира за наредната година.

Понекогаш е добро се навлеземе детално во проблемите и перформансите за да го разбереме болидот, така што гледам појасна иднина по сето ова. Мислам дека сега имаме јасна насока, тоа е најважно – вели Алонсо.

Фернандо објасни дека Мекларен ќе ја задржи сегашната насока од експериментирање со првите тренинг сесии за да го развива концептот за 2019 година, но се надева дека петочната сесија во Унгарија ќе биде нормална.

Имаме некои подобрувања за оваа трка и ќе се концетрираме на нивно искористување, не само во тестирање. Мора да ги тестираме подобрувањата од последните нови делови, така што се надевам на подобри резултати.

Оваа година во суштина имавме само едно подобрување, во Барселона. На сите други трки донесовме мали делови кои не помогнаа во перформансите.

Некои од тие делови беа експериментални, некои имаа негативен ефект наместо позитивен, така што севкупно, имаме само едно подобрување.

Бевме помеѓу 7мо и 11то место во Австралија на почетокот на годината, се вративме од седмо до 10то во Барселона, Монако, а по тоа, се движиме наназад. Се надевам дека викендов ќе не вратиме на чело на средината – изјави Алонсо.


Алонсо: 70% од развојот на болидот е насочен кон 2019

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>