Фернандо Алонсо вели дека стартот на Сингапурското Гранд При од 11та позиција на гридот е совршен резултат, знаејќи дека ќе има слободен избор на пневматици за утрешната трка.

Шпанецот со силни перформанси за малку пропушти влез во К3, откако беше истиснат од неговата замена следната година, Карлос Саинз, за само 0.107 секунди.

Иако не влезе во последниот сегмент, Алонсо беше пресреќен со пласманот, бидејќи самиот значи дека тој е првиот возач од останатите со слободен избор на пневматици за утрешната трка.

Добро чувство. Од наша страна, бевме конкурентни цел викенд и како што изјавив, можевме да се бориме за К3. Сакав да стартувам од чистата страна на патеката, така што 11та позиција е совршено. Карлос ќе биде покрај мене и се надевам дека двајцата ќе може да напредуваме и да освоиме поени.

Имаме можност да избереме пневматици за стартот, тоа е дополнителна помош. Ќе се обидам да претекнам 2-3 болиди кои ќе стартуваат пред нас – изјави Алонсо.

Возачот на Мекларен верува дека стартната позиција ќе се покаже како клучна во трката, бидејќи ќе избегне старт на хиперсофт, што тој смета дека ќе му даде предност во однос на тие директно пред него и најдобра можност да освои поени.

Важно беше да се избегнат хиперсофт за трката, но секако дека посакувате да бидете во К3. Но ако сте на десетто место и стартувате со хиперсофт, тогаш знаете дека трката ќе биде тешка.

Хиперсофт ви овозможуваат предност од околу 2,5 секунди во квалификациите, но имаат многу висока деградација во долгите стинтови. Ако мора да застанете рано и да се вратите на патеката сред метеж, тогаш трката ви е завршена.

Тие ќе мора да го менаџираат деградирањето на хиперсофтот и се надевам дека ќе надоместиме во долгите стинтови со потврдата компонента. Сепак, ќе биде тешка битка за поени и комплицирана – додаде Алонсо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.