Фернандо Алонсо откри дека останатите трки од овогодинешниот календар ќе ги искористи за славје на неговата успешна Формула 1 кариера која ќе заврши на крајот од оваа година. Тој има 300 Гранд При трки зад себе извизени во 17 години во спортот и две шампионски титули зад себе. Во неговата богата кариера останвуаат уште пет Формула 1 трки за возење.

Секоја трка од сега до моментот кога ќе ја завршам кариерата ќе ја искористам за славје. Не можам да дочекам д се појавам во Остин и со овие болиди да возам по таа патека. Резултатите на крајот на сесијата покажуваат дека не сме најбрзи, но секој круг чувството е одлично.

Не дека не ја сакам Формула 1 повеќе, сеуште сум заљубен во оваа тркачка серија и овие болиди. Моето откажување значи дека имам 37 години и сум ги постигнал моите соништа во овој спорт, дури и повеќе од тоа.

Се обидувам да направам нешто што веќе сум го направил и поради тоа сакам да најдам различен предизвик. Имав многу среќа што сум дел од овој спорт, но сакам да најдам и да правам нешто друго – најави Алонсо.

Нандо стигна до поени во Сингапур со 7то место со неконкурентниот Мекларен, но немаше топ 10 пласман во Русија затоа што финишиташе како 14ти.

Мислам дека следната наша шанса е Остин, можеби Бразил затоа што споредено со Јапонија многу повеќе ни одговара на болидот. Но, во однос на атмосферата, пред нас е фантастичен викенд и прекрасно е 17 години по ред да возите овдека.

Пред Формула 1 трката бев овдека на Светскиот картинг куп на истава патека. Ова е земја во која тркањето е вистинско уживање затоа што фановите прават феноменална атмосфера.

Подготвен сум да уживам во секој момент од викндот, а до толку сум среќен што следниот викенд повторно ќе се тркам во Јапонија, но во Фуџи со ВЕЦ серијата.

Дефинитивно ова е еден од најдобрите викенди. Без разлика дали ќе завршите трка или нема да стигнете до поени, сите ја сакаат патеката.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.