Фернандо Алонсо ги негира критиките од Кевин Магнусен по нивниот дуел во Силверстон и смета дека блиските дуели помеѓу тимовите годинава предизвикуваат повеќе инциденти на патеката.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Возачот на Мекларен беше обвинет за преувеличување на коментарите по тимското радио од страна на Магнусен, споредувајќи го со бразилскиот фудбалер Нејмар, по инцидентите за време на тренинг сесиите на Британското Гранд При кога возачите беа многу блиску до меѓусебен судар.

Не пратам што тој коментира во медиумите. Многу се жали по радиото. Тоа е приметливо и во други спортови, дури и големи спортисти како Нејмар знаат да претераат со своите реакции – гласеше изјавата на Магнусен.

Иако ниту возач не доби казна од страна на ФИА, реакциите се присутни пред Германското Гранд При, но Алонсо вели дека гледа кон иднината.

Немам што да кажам, минатото е минато. Јас стигнав до осмо место во последните кругови, така што сум задоволен со тоа, резултатот остана непроменет, а ФИА имаше поинакво мислење тој викенд.

Продолжуваме понатаму. Секој се трка поинаку во својата кариера, а јас сум среќен со мојата и со постигнатите резултати. Јас сум двократен шампион, а тој се обидува да освои по некој поен, така што не можам да одговарам на сечии коментари – вели Алонсо.

По голем број на инциденти досега во 2018 година, Алонсо смета дека причината се минималните разлики во перформанси помеѓу тимовите во средината, како и разликата помеѓу големите три екипи. Во Силверстон, Хамилтон по слабиот старт, беше удрен од Кими Раиконен, по што се изврте, што е втор пат во три трки возач на Мерцедес да има судар со болид на Ферари.

Во последниот дел од трката, Карлос Саинз и Роман Гросжан се удрија што доведе до откажување на двајцата од трката.

Толку е тесно во средината и помеѓу тие на челните тимови. Мислам дека Мерцедес беа на една или две трки со половина минута, сега е потесно.

Можностите за подиум веќе не се за тројца возачи, туку за шест, така што првиот свиок станува се поинтересен на некои од трките. Мислам дека е толку тесно. Гледаме повеќе акција, но истата е фер и чиста како и порано – додаде Алонсо.


4 КОМЕНТАРИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.