Алонсо: Чекав нешто да се случи

132
   

Фернандо Алонсо не успеа да стигне до подобар пласман од 14то место на Руското Гранд При и шпанецот објаснува дека едноставно чекал нешто да се случи пред него, за да може да нападне.

Двократниот шампион веќе беше свесен дека нема да биде лесна трка за Мекларен, особено по казните за моторите кај него и Вандорн, по што стартуваа од задните редоив. Тој влезе во бокс порано во обид да изненади, но на крајот тоа не беше доволно.

Чекавме нешто да се случи. Влеговме во бокс порано да видиме ако ги натераме и другите да влезат порано и да искористат повеќе пневматиците.

Лошо е што софт компонентата траеше скоро цела трка.

Ние го заслуживме 14то место, ако ништо не се случеше пред нас. Знаевме дека ќе биде тешко со нашите перформанси. Не освоивме поени, но се надевам дека ќе бидеме подобри наредната трка – изјави Алонсо.


Алонсо: Чекав нешто да се случи

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>