Овогодинешниот шампионат туку што беше решен во однос на возачите, а Фернандо Алонсо предвидува шестта титула за Хамилтон веќе следната година. Возачот на Мерцедес ја освои петтата титула во Мексико откако заврши на четврта позиција на трката, но освои доволно поени за да биде недостижен за неговиот најголем конкурент, Себастијан Фетел. Со тоа, британецот се израмни со легендарниот Хуан Мануел Фанџо, а тој рекорд е надминат само од Шумахер кој има 7 титули.

Алонсо не може да го спореди успехот на Хамилтон со Фанџо и Шумахер но сепак навестува дека британецот сеуште не завршил.

Тешко е да се споредуваат различни времиња и различни ери на Формула 1. Некои шампионати се добиваат во последна трка, а некои само против твојот колега. Очигледно Луис изгуби едно првенство на тој начин, но тој е на врвот и среќен е со тоа. Сеуште не е завршен. Мислам дека наредната година повторно ќе биде во таква позиција.

Шпанецот изјави дека Хамилтон имал помош од еден од најдобрите болиди на гридот, нешто што го посакува секој возач.

Мислам дека сите сакаме борба за титула како Луис и Себастијан кои имаат по четири титули и болид кој е побрз 1 или 2 секунди од било кој друг. Тоа се случува само ако си во вистинско време во вистински болид. Потребни се победи за да се освои титулата.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.