Алонсо: ФИА беше мека со Магнусен

106
   

Фернандо Алонсо смета дека ФИА била премека во однос на тоа како се справила со Кевин Магнусен во текот на нивната заедничка битка во Британија.  Шпанецот се обиде да мине од надвор во завршниот дел од трката на кривината Луфилд, но беше истуркан надвор по што К-Маг си ја одбрани позицијата.

Двојниот првак не беше задоволен со тоа како стјуардите се справиле со целата ситуација, иако во последниот круг од трката успеа да го мине данецот и да му го превземе местото.

Фернандо се мачеше со Кевин уште на првата сесија во Петок кога имаа два контакти по што Алонсо преку тимското радио бараше казна за данецот затоа што два пати се обидел да го удри. Стјуардите го разгледуваа тој инцидент, но не казнија никого.

Инцидентот се случи на 7от свиок, се обидов да минам од надворешната страна и кога се вратив на нормалната траекторија бев истуркан од патеката. Кажано ни е да оставаме повеќе простор додека се тркаме со друг болид, но некои очигледно не го почитуваат.

Кога сме заглавени зад голема група и нема можност да се нападнат оние на чело на групата, се губи барем едно место. Но, овој пат на крајот успеавме да го минеме Магнусен.

Тој се бореше храбро и жестоко како и секогаш, а ФИА беше по малку мека ко него по мое мислење. Но, во ред е со мене затоа што во последниот круг секако го минав, така што немаше голема разлика во однос на позаицијата и задоволен сум поради тоа затоа што донесов повеќе поени за екипата.

Во 99% од таквит еслучаи се дава казна на возачот или наредено му е да ја врати позицијата, но тој пат не го следеа стјуардите на оваа трка. Го почитуваме тоа и го претекнавме повторно на патеата, тоа го направивме – појасни Алонсо.

Фернандо на крајот заврши на 8мо место, освојувајќи двојно повеќе поени од Магнусен, но поради поените на Форс Индија со 7то и 10то место, Мекларен падна во конструкторскиот поредок.


Алонсо: ФИА беше мека со Магнусен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>