Фернандо Алонсо откри дека позади неубедливите времиња кои Мекалрен ги постигнаа денеска се крите обемното тестирање кое екипата го правела во текот на двете 90-минутни сесии. Со цел да се подобра перформансите на МЦЛ33 болидот, од Вокинг се решија да пробуваат многу ародинамички новини, а како резултат на тоа, Нандо беше 12ти најбрз на Т1, а пет позиции послаб на втората сесија.

Тестиравме некои работи и веројатно најбрзите времиња го покажуваат тоа. На послеите неколку трки бвме доста високо во поредокот во Петок, но губевме во остантиот дел од викендот. Овој пат се решивме да пробуваме новини и се надеваме дека утре ќе бидеме многу поконкурентни – смета Алонсо.

Шпанецот очекува и промена на времето во Сабота што може да им биде од голема корист на квалификациите.

Ако заврне дожд, тоа отвора многу можности за средината од поредокот доколку се превземе малку повеќе ризик. Може да биде многу добро, но може да тргне и наопаку ако се борите за титула – смета Алонсо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.