Алонсо: Сузука е страст, гравитација и брзина

141
   

Фернандо Алонсо во наредните две недели ќе добие двојна доза од Јапонија и тоа овој викенд на Формула 1 во Сузука и следниот на Фуџи со ВЕЦ шампионатот. Како и многумина негови колеги возачот на Мекларен е љубител на тркање во земјата на изгрејсонцето.

Ја сакам Сузука, тоа е една од најдобрите трки на календарот. Имам прекрасни спомени особено од 2006 година. Оваа година конечно ќе се привикнам на временеската зона бидејќи ќе бидам 2 недели таму. Со нетрпение очекувам да го посетам Токио и да поминам што е можно повеќе денови таму – најави Нандо.

Од луди капи до чудни облеки, Формула 1 фановите во Јапонија не бараат начин како да ја изразат својата подршка за тимот кој го сакаат.

Фановите се најдобри во Сузука. Тие се возбудени уште од Четвтрок кога потпишуваме автограми. Тие се во хотелот, на железничката и всушност тие се насекаде. Но, не би било фер да се каже дека фановите ја прават атмосферата на оваа патека.

Патеката бара многу и е перфектна за Формула 1 болидите. Се користи целиот потенцијал на болидот и аеродинамичните перформанси кои се перфектно склопени со свиоците на Сузука. Првиот сектор е импресивен и тогаш ако се работи како што треба посигурно ќе влезете во С-овите . Гравитационите сили прават одлично чувство. Воачите сакаат брзина и тука се вози со полна гас – опишува Алонсо.


Алонсо: Сузука е страст, гравитација и брзина

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>