Фернандо Алонсо од Мекларен и Кевин Магнусен од Хаас имаа инцидент за време на последнито летечки круг во средниот на квалификациите на Италијанското Гранд При. Инцидентот го уништи пласманот на двајцата возачи кои не минаа во топ 10.

Двајцата беа еден крај друг во последните К2 моменти, Алонсо отиде да го мине Хаасот однадвор на крајот од стартно-целната рамнина во пресрет на првата шикана Ретифилио. Беше пред него по првиот дел од шиканата, но Магнусен не сакаше да ја даде својата позиција, по што двата кругови беа уништени.

Магнусен сакаше да се трка на првата ктивина – се смееше Нандо преку тимското радио.

Што по ѓаволите право Фернандо – прашуваше Кевин во својот тим.

Данецот ја заврши сесијата на 11то место, а К3 му избега за само една стотинка, додека Алонсо ќе ја почне трката од 13то место. По квалификациите, телевизискиот кадар “улови“ расправија помеѓу шефот на Хаас, Гунтер Стаинер и првиот човек на Мекларен, Зек Браун.

Цела група на возачи се движевме кон крајот на тој инсталациски круг, иаше густ метеж, а еден од болидите на Хаас реши да претекне на почетокот на кругот додека се наоѓаше меѓу стите болиди кои си ја држеа позицијата. Така го почнавме кругот заедно, стигнавме на првата кривина заедно и си ги упропастивме круговите.

Има многу класи на возачи на гридот и има класа на Хаас, кои имаат 3ти или 4ти најдобар болид на гридот, а се надвор уште во К2. Јас дојдов во вториот квалификациски сегмент како што сакав, инцидентот не ми менува многу, но проблемот  повеќе кај нив. Сепак, забавно е, многу е забавно – расположено изјави Алонсо.

Алонсо и Магнусен треба да се појават кај стјуардите.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.