Алонсо со преголем ризик во последниот круг

202
   

Фернандо Алонсо објaсни зошто последната кривина во Австрија ја минал претерано широко што ги заврши неговите надежи за влез во К3 на денешните квалификации.

Неговиот тимски колега Стофел Вандорн не можеше да мине во К2 така што Мекларен “се колнеа“ во Нандо да го подигне тимот. Фернандо не ги заврши претходните три трки, а по грешката во последниот круг не дојде ни до К3 како што се надеваше.

Отидов прешироко затоа што премногу ризикував поради тоа што веќе доцнев две десетинки. Знам дека телевизијата сака да покажува забавени снимки, но треба да го следат моето време и да покажат дека бев доста бавен за топ 10. Се обидов нешто поинакво на последната кривина, се обидов да влезам под полна гас за да надоместам колку што можам повеќе – откри Алосно.

Тој објасни и зошто во К2 излезе на најбавните гуми и со нив се обиде да мине понатаму.

Имавме само еден нов сет ултрасофт и одлучивме две серии да пробаме со жолтите софт. Потрошивме едни во К2 и не беше лошо. Сметавме дека можеме до подобар круг за подобра стартна позиција утре.

Нандо ги комплетираше квалификациите на 14то место, но поради казната на Шарл Леклер ќе почне едно место погоре.


Алонсо со преголем ризик во последниот круг

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>