Фернандо Алонсо откри дека ќе добие нова шасија во Монца по сударот на минатата трка во Белгија, а исто така објасни и дека тимот ќе биде во кусот со резервни делови со најнова спецификација за престојниот тркачки викенд во Италија. МЦЛ33 болидот на шпанецот беше тешко оштетен кога Нико Хулкенберг го удри одзади и го лансираше во воздух преку Зауберот на Шарл Леклер.

Под знак прашалник е и моторот на Рено, односно дали истиот го преживеал сударот, но тоа ќе се знае по петочните сесии.

Мислам дека ќе возам со шасијата која ја користев на зимските тестови и на првите трки, така што ќе биде нешто со што веќе сме се тркале. Во врска со моторот, можеби се е во ред, но мора да почне првата сесија за да се осигураме.

Постоеше загриженост во Недела, Понеделник, Вторник, се е проверено и изгледа дека е во ред така што мислам дека ќе можеме да се тркаме со истиот мотор.

За среќа имавме доволно делови од последната спецификација, но веројатно нема да имаме доволно резервни делови, го имаме само она што е на болидот. Се останато веројатно ќе биде друга спецификација.

Како што реков, знаеме дека ќе биде тешко затоа што оштетувањето на болидот беше големо особено на мојот болид. Имате само четири денови за да направите целосно нов болид и да се појавите во Монца. Што е тука е – оптимист е Нандо.

Возачот призна дека раното откажување на трка било многу фрустрирачки затоа што стартува од квалификациската позиција и не одбрале да земат нови делови за моторот и да почнат од позади, нешто што направи Вандорн и поради тоа има свеж мотор.

Поради казната на Хулкенберг, Ботас и Саинз, одбравме да не менуваме мотор во Спа и да искористиме колку што можеме повеќе од 14то стартно место, но по првиот свиок ја завршивме трката.

Мораше да се плати казна, дали на таа трка или на следните така што имаме двојна нула, една за Спа затоа што останавме без ништо и една за трката на која ќе земеме нов мотор и ќе добиеме казна. Белгија беше тажен ден за нас.

Фернандо го напушти белгискиот автодром со бандажиран десен зглоб на раката, но објасни дека не е ништо сериозно.

Добро сум. Само во Недела по сударот почувствува болка, мала болка, како нешто да беше топло затоа што ги имав рацете на упраувачот кога го допрев Леклер. Секој ден болката се намалува и ќе бидам во ред во Петок.

Имав и ситни проблеми со грбот, најмногу болка имав во Вторникот. Во Неделата по инцидентот не чувствував ништо, во Понеделник почна, а во Вторник болеше најногу, што мстанав се почувствував некако отечено.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.