Алонсо незадоволен од преносот на неговите радио пораки

218

Фернандо Алонсо изјави дека не сфаќа зошто Формула 1 секогаш ги пренесува во етер неговите разговори со тимот. Шпанецот имаше долга и интензивна конверзација преку радиото во врска со изборот за гуми за последниот обид во К2 делот од квалификациите.

Тој потенцираше дека не е задоволен што ФОМ повторно ги одбрала неговите радио порадки да ги чијат сите, како и многу пати претходно.

ФОМ навистина многу иритира со моето радио. Не знам каков проблем имаат што секогаш мојата радио конверзација се пренесува, не знам дали е тоа нормално за разговор во момент кога патеката станува многу, многу лоша за возење.

Не може да се подобри времето, зборувате во врска со изборот за гуми за следниот обид и дали воопшто вреди да се вози уште еден круг, но се чини дека нивно хоби е да се забавуваат со мене така што можам само да им кажам со среќа – изјави Алонсо.

Пораката која беше пренесена дојде на крајот на К2 делот кога времето се влошуваше односно дождот се засилуваше што значеше дека тој нема да може да го подобри своето време.

Мекларен: Фернандо. Дали мислиш дека треба да одиме со нов сет интермериа или гуми за целосно мокра патека?

Алонсо: Мислам дека треба да одиме во гаража и да ги анализираме условите. Со гумтие за мокро можеме да излеземе, но ако сме 25 секунди побавни тогаш џабе возиме. Мораме да го подобриме времето.

Мекларен: Добро Фернандо. Ако го направиме тоа ќе имаме време за само уште еден летечки круг на крајот. Уште еден на крајот.

Алонсо: Не знам. Ставете какви гуи сакате. Последниот сектор е невозможен а возење. Да имавме ракета од позади пак ќе бевме 11ти.

Иако звучеше фрустрирано на квалификациите, тој е задоволен од резултатот затоа што на дожд се покажал подобро одошто очекувал

Како и да е имав добри квалификации и задоволен сум. Условите беа навистина многу тешки и требаше многу среќа и вистински тајминг на патеката.

Во К1 додека беше посуво бевме загрижени, но поради дождот тојдовме до 11то место и блиску до поени. Мислам дека имавме среќна Сабота и ни треба уште повеќе среќа утре – заврши Алонсо.


Алонсо незадоволен од преносот на неговите радио пораки

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>