Алонсо смета дека Мекларен се подобриле

213

Фернандо Алонсо смета дека Мекларен направиле чекор напред со нивното големо подобрување и многуте новини кои ги донесоа во Шпанија. МЦЛ33 пристигна со целосно нов нов во Барселона како дел од долго најавуваниот пакет кој треба да ги донесе поблиску до топ 3 екипите.

Иако Нандо беше надвор од топ 10 на попладневната сесија, неговиот колега имаше време за 9то место користејќи побрзи гуми.

Подобрувањата кои ги донесовме се дефинитивно чекор напред. Има посилни перформанси во болиот, се чувствувам подобро и имаме повеќе грип.

Условите не беа совршени денеска, беше топло и имаше нависстина силен ветер. Бевме сведоци дека некои возачи излетаа надвор од патеката, а мислам дека исто ќе биде и утре. Сепак, со оглед на се што донесовме овдека, имаме позитивен Петок.

Сеуште анализираме во врска со некои делови, но се чини дека овдека сме многу поконкурентни во однос на петочните сесии на другите трки.

Сепак, чиста слика за тоа колку сме се подобриле ќе добиеме утре затоа што ќе биде малку поладно, а за Недела дури има и прогноза за дожд. Се надеваме дека ќе стигнеме до последниот квалификациски сегмент како најава за одлична трка – посакува Алонсо.


Алонсо смета дека Мекларен се подобриле

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>