Алонсо смета дека Мекларен не биле доволно амбициозни

117
   

Фернандо Алонсо го заврши Руското Гранд При на 14то место, а шпанецот ја пропушти својата шанса за светла точка на трката кога Мекларен одбраа да не монтираат свежи хиперсофт во последната негова серија за да му дадат шанса да го има најбрзиот круг.

Двократниот првак константно беше надвор од топ 10, во еден момент заглави зад бавниот Ленс Строл од Вилијамс. Кога му беше даден совет како да го мине канаѓанецот преку радиото одговор “15ти сме, ми е гајле“.

Кон крајот на трката побара од својот тим да му даде хиперсофт за да го постави најбрзиот круг, но откако екипата одби да го стори тоа, Алонсо изјави дека тоа ја покажува неамбициозноста на екипата.

Кога сте 14ти или 15ти, најбрзиот круг е добар за тимот, добар за момците кои напорно работат секој ден, добар за партнерите и спонзорите, но мислам дека ние немавме никаква амбиција.

По долгата и лоша трка во Сочи, тој се надева на далеку подобра трка во Јапонија.

Трката беше навистина долга за мене, застанавме во 4-5 круг за промена со цел да минеме болиди преку боксот. Останатите имаа по еден сет софт, ние имавме два.

Жолтите гуми можеа да издржат цела трка без проблеми, но не беше согласно нашите очекувања. Се на се имавме добар ритам, но ништо не можеме да промениме и се надеваме на повеќе поени од Јапонија – најави Нандо.


Алонсо смета дека Мекларен не биле доволно амбициозни

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>