Фернандо Алонсо е љубопитен да дознае дали доминацијата на Мерцедес во Формула 1 ќе заврши оваа година, сметајќи дека тој момент е блиску.

Двократниот шампион ја имаше својата последна трка минатиот Ноември во Абу Даби, откако одлучи да се пензионира од спортот со цел да учествува во други тркачки серии.

Во интервју за Corriere della Sera, Алонсо истакна дека со задоволство би следел неколку вести годинава, вклучувајќи го и враќањето на Роберт Кубица, а исто така како ќе се одвива кариерата на Шарл Леклер во Ферари.

Но шпанецот исто така идентификуваше и потенцијален крај на доминацијата на Мерцедес во Формула 1. Мерцедес го освоија секое првенство во В6 хибридната турбо ера, почнувајќи од 2014 година.

Ќе го следам Кубица, неговата приказна е неверојатна.

До пред неколку месеци, изгледаше дека Роберт ја изгубил секоја можност. Тој нема што да изгуби и нема да греши.

Потоа, Леклер во Ферари. Тој е млад, интелегентен и талентиран.

Љубопитен сум да видам дали ќе заврши доминацијата на Мерцедес. Мислам дека тој момент е блиску – вели Алонсо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.