Фернандо Алонсо смета дека Мекларен мора целосно да се посвети на решавање на проблемите со издржливоста на болидот со цел да ги максимизира можностите кои ќе им се укажат на претсојното Сингапурско Гранд При.

Нандо освои 32 поени по првите пет тркачки викенди, но на следните 9 придодаде само уште 12, период во кој не успеа да го види карираното знаме во 6 наврати.

Мекларен очекуваат да бидат многу поконкурентни низ Марина Беј, а Алонсо смета дека прва цел на тимот треба да биде ррешавање на проблемите со издржливоста на МЦЛ33 пакетот со мотор на Рено.

По тешките трки во Белгија и Италија се збогуваме со Европа и ги почнуваме далечните трки како ново поглавје во сезоната. Се надеваме дека ќе дојдеме до добри поени наместо до незавршени трки, но позитивно е што успеавме да најдеме добар ритам во Недела во Монца.

Важна работа за нас е да се посветиме целосно на издржливоста на болидот особено поради тоа што патеката Марина Беј одговара повеќе на нашиот пакет и мораме да ги максимизираме перофмансите. Поените секако дека се наша цел – смета Алонсо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.