Алонсо смета дека издржливоста на Мекларен се изгубила

108

Фернандо Алонсо верува дека издржливоста на Мекларен е на уште пониско ниво во однос на последните трки откако повторно пред време ја заврши трката во Италија.

Тој застана во боксот во 9 круг поради проблем со неговата електроника откако возеше на 10 позиција.

Мислам дека е штета што некогаш сме во поени, како вчера на трката но издржливоста на тимот направи чекор назад и тоа треба да го поправиме до крајот на сезоната. Имав проблем со некој електричен дел бидејќи болидот почна да скока во свиоците 7 и 8 и немаше сила во свиоците. Тогаш се изгаси болидот и дојдов во боксот.

Двократниот шампион кој ќе се пензионира од Формула 1 на крајот на сезоната не ја заврши и претходната трка во Спа поради судар во првиот круг.

На последните две трки не знаевме дали ќе добиеме казна или не, поради промена на моторот но не очекувавме да сме конкурентни. Но бевме подобри и бевме во поени по неколку кругови и затоа не го сменивме моторот бидејќи моравме порано да ја завршиме трката. Сега треба да го смениме моторот до крајот на сезоната и тоа е дополнителен проблем.

Возачот на Мекларен изјави дека промената на мотор во Сингапур нема да им е од корист бидејќи престасувањето е тешко таму.

Се надевам не поради тоа што ќе стартуваме последни, но ќе мора да издржиме до крај.


Booking.com

Алонсо смета дека издржливоста на Мекларен се изгубила

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>