Фернандо Алонсо се надева дека неговиот сегашен колега, Стофел Вандорн, ќе најде можност да добие врвно возачко место во Формула 1. 

Алонсо и Вандорн ќе заминат од Мекларен на крајот на сезоната, но додека шпанецот ги истражува своите опции, Вандорн беше заменет во полза на Ландо Норис.

Опциите на Вандорн се лимитирани, а белгиецот пред Сингапурското Гранд При, призна дека неговите шанси се многу мали.

Како Стофел, мора да бидете среќни во болидот, како и со вашите одлуки и перформанси. Се надевам дека тој ќе најде врвно возачко место во Формула 1, бидејќи го има талентот и го покажа во претходните категории.

Тој немаше среќа. Само Леклер и Стофел имаа такви резултати во Формула 2 и доминираа во тоа првенство. Еден од нив сега е во Ферари, додека другиот нема да продожли во Мекларен следната година – изјави Алонсо.

Фернандо смета дека наследникот на Вандорн, Норис, има потенцијал да успее во Формула 1 наредната сезона.

Рано е, но ова е одлична шанса. Доаѓате во еден од најдобрите тимови во Формула 1. Тој е дел од нивната програма повеќе години. Добро е што овие талентирани момци имаат шанса да успеат.

Му посакуваме се најдобро и ќе му помогнеме колку што е потребно додека се навикне на овој свет. Потоа ќе зависи од неговиот талент, но мислам дека ќе биде одлично за тимот и за него – вели Алонсо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.