Фернандо Алонсо и официјално се поздрави со светот на Формула 1, но не пред да каже неколку зборови, велејќи дека секогаш ќе биде фан на спортот.

Шпанецот заврши на 11то место во последната трка за Мекларен и Формула 1, по 17 сезони поминати во спортот во кои освои две шампионски титули.

Алонсо се приклучи на првите тројца по крајот на трката за интервјуата, а дури изведе и крофни заедно со Луис Хамилтон и Себастијан Фетел на стартно-целната рамнина.

Ќе бидам дел од спортот, се додека не сум коментатор, како некои поранешни Формула 1 возачи – му посочи Алонсо на Дејвид Култхард.

Но да, беше задоволство да се тркам со овие шампиони и се чувствувам многу привилегирен, како и тркањето со тебе ДК.

Благодарам за се, благодарам Формула 1, секогаш ќе бидам фан на ова шоу – изјави Алонсо.

Подоцна во падокот, двократниот шампион се присети на неговите спомени во спортот и што ќе остане во неговата меморија од Формула 1.

Ќе имам добри спомени. Целиот пакет на Формула 1 беше фантастично патешествие од млади години до сега. Борејќи се во различни околности, во секој болид, постигнувајќи успех кој не го очекував – вели Фернандо.

Алонсо е единствениот шпански возач кој стартувал на пол позиција во Формула 1, единствениот шпанец кој победил на Гранд При и единствениот шпанец кој ја освоил шампионската титула.

Знаете, јас доаѓам од земја без традиција (во спортот). Мојот татко не беше тркачки возач, така што тоа беше големо изненадување.

Благодарен сум на тоа, благодарен сум што последниот викенд е емотивен, со сите нешта кои Формула 1 и мојот тим ги подготви за моето заминување.

Се тркав против големи шампиони. Се тркав против Михаел Шумахер, Џенсон Батон, на кој Абу Даби исто така му беше последна трка.

Ниту еден од нив не доби вакво заминување, така што немам зборови да опишам колку сум благодарен на сите – истакна Алонсо.

Шпанецот коментираше и дали би се вратил и истакна дека ќе се врати, но можеби не позади управувачот.

Ќе се вратам еден ден можеби како турист или коментатор за да уживам во Ф1 на поинаков начин. Моментално, не размислувам за враќање. Тоа е сигурно. Но незнам како ќе се чувствувам наредната година.

Во 2019 потребна ми е пауза, поинаков предизвик.

Сакам да се борам за Тројната Круна, на Инди500 и на други легендарни трки. Можеби Дејтона, можеби други нешта. Можеби за 2020 година, имам потреба да имам полн календар во нешто.

Можеби цела сезона во ИндиКар, или во Формула 1, не знам. Можеби тоа ќе биде моментот за враќање или можеби ќе уживам толку многу наредната година, поради што нема да сакам да се вратам – заклучи Фернандо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.