Возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо, очекува многу забавна трка во Унгарија во пресрет на летната пауза.

Хунгароринг е одлична патека и убаво место за крај на првиот дел од сезоната и почеток на летниот одмор. Ги сакам фановите во Будимпешта затоа што се многу страствени за трката, тие се насекаде, на аеродромите, во хотелот, дури и на автопатот накај патеката не чекаат со развиорени знамиња и тоа е одлично искуство.

Самата патека е добра, лични на голема картинг патека, но за Формула 1 така што нема место да се диши особено во вториот сектор каде има многу кривини. Вообичаено викендот е добар и нетрпелив сум да се тркаме затоа што уживам во секој момент.

Минатиот викенд во Германија се коцкавме со изборот на гуми, тоа не ни се исплатеше, но во тркањето мора да се превземаат ризици, понекогаш се исплатат, а понекогаш не.

Нетрпеливи сме за Унгарија, иако времето таму секогаш е предвидливо, не се знае и мораме да бидеме подготвени за се ако сакаме поени – смета Алонсо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.