Фернандо Алонсо призна дека Роман Гросжан бил подобар при рестартот по Вирутелното безбедносно возило поради што го минал и му ја превземал позицијата на Хунгароринг. Првично, шпанецот преку тимското радио дојави дека французинот предвреме нападнал и го претекнал.
Гросжан ме мина под Виртуелното безбедносно возило. Јас бев точно на делта времето и не знам како е тоа можно – гласеше коментарот на Нандо преку радиото.
Стјуардите не го истражуваа овој инцидент откако по трката Фернандо призна дека едноставно Роман бил подобар на рестартот и завршил подобра работа.
Навистина ме фати неподготвен и ми ја украдеп позицијата, заврши подобра работа при рестартот. Имаме неколку секунди предупредување пред крајот на периодот на Виртуелно безбедносно возило така што јас се обидов да дојдам до делтра времето и кога се запалија зелените светла дадов полна гас, но Гросжан веќе беше до мене. Имал совршено забрзување и совршен тајминг што беше клучно да загубам позиција – анализира Алонсо.
Гунтер Стаинер ја опиша првичната реакција и жалењето на Алонсо како “сра**“ и сметаше дека тој редовно манипулира со стјуарите со цел да добие одлуки кои ќе му се од корист.
Ништо не погрешивме одлуката беше јасна и црно-бела. Нема што некој да мисли, се работеше за совршен тајминг кој Гросжан го имаше и го мина Алонсо. Крај на приказната, тој заврши одлична работа и јасно беше дека мина чисто. Алонсо се обидува со слични манипулации секогаш, но стјуардите беа доволно паметни – смета Стаинер.