Фернандо Алонсо изјави дека ја напушта Формула 1 под свои услови и задоволен, а не поради тоа што нема конкурентен болид оваа година и секогаш се бори во задниот дел од поредокот.  Тој одговори на коментарите на неговиот колега и замена во Мекларен, Карлос Саинз кој изјави дека спортот треба да внимава за тоа што Алонсо немал место во Формула 1 во 2019 година.

Фактот што тој си заминува од Формула 1 е голема загуба, голем удар. Тоа е нешто што треба да се размисли, зошто еден од најдобрите возачи си заминува поради тоа што нема конкурентен болид, а други возачи се борат за победи и подиуми – изјави шпанецот Саинз.

Двократниот шампион истакна дека напуштањето на Формула 1 било негов избор затоа што тој постигнал се што сакал во спортот.

Можев да имам подобар болид, но не си заминувам поради тоа, а тоа го зборувам од Април. Застанав бидејќи постигнав се. Дојдов во Формула 1, победував на трки, освојував титули, кршев рекорди и возев за најголемите тимови. Имам 37 години и немам што повеќе да барам во Формула 1. Се што сонував остварив. Има други спортови во кои е поинтересно од Формула 1 – изјави Нандо.

Тој не се согласува со Саинз.

Не е дека не се согласувам. Што е вистината? Што се другите опции? Генерално мислење е дека сум бил приморан да си заминам, но јас си заминав бидејќи освоив се што треба.

Во Фрмула 1 имате чувство дека ја правите најголемата и најважната работа на светот, но луѓето не го гледаат тоа и мислат дека е поради неконкурентниот болид. Можеби Мекларен ќе стане супер конкуренте екипа наредната година? Кој го знае тоа? Но јас не сакам ни да пробам бидејќи можам да бидам подобар возач надвор од Формула 1, овој дел е завршен и постигнав многу. Сакам да успеа и во другите серии.

Тој не отфрла враќање во споротт.

Тоа е можност, не исклучувам ништо. Тоа не го направив ни во Август, ни во Остин, но ќе видиме. Всушност јас изјавив дека во 2019 година нема да сум во Формула 1. Можеби треба да го повторам твитот за да ги потсетам сите.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.