Откако не ги заврши последните две трки во Америка и Мексико, Фернандо Алонсо сака чист тркачки викенд во Мексико за да има можност да се бори за поени.
Шпанецот на крајот од сезоната ќе стави крај на својата Формула 1 кариера, но нема трки за паметење, нема поени од Сингапур, а на последните две трки се откажа поради инциденти во првиот круг.
возбуден сум што се враќам на интерлагос затоа што е неверојатна патека на која секогаш уживам да се тркам. имало многу фантастични трки во бразил и секогаш било непредвлидливо. нетрпелив сум да ги оставам последните два тркачки викенди зад себе и да извадам колку што можам повеќе перформанси од болидот, брзина која немав можност да ја покажам во последно време. се надевам на чиста борба за да покажам што можам – најави нандо.
За Жил де Феран, Големата награда на Бразил ќе биде прва домашна трка пред домашната публика како член на Мекларен.
нетрпелив сум да се вратам во родниот град прв пат како член на мекларен. трката е важен дел од формула 1 историјата неколку години, а навивачите се неверојатни и страствени.
многу легенди и големи имиња на спортот победувале и губеле овдека затоа што времето може да биде непредвидливо и да влијае на крајниот резултат. тоа ја прави интерлагос магична и се надевам дека ќе имаме одличен тркачки викенд.
на претпоследната трка од сезоната се надеваме да извлечеме максимум перформанси од болидот и да освоиме колку што може повеќе поени. фернандо особено нема многу среќа во последно време и сакаме д завршиме со двата болиди овој пат – изјави де феран.