Алонсо: Очекувајте уште многу

208

Фернандо Алонсо од Мекларен верува дека има уште многу што да покажат во пресрет на трката во Монако. Шпанецот минатата година не возеше во Монте Карло поради неговиот настап на Инди 500, а на првиот тренинг вчера имаше проблеми со сопирачките.

Но, сепак успеа да извози речиси 50 кругови попладнето и заврши во топ 10 на вториот тренинг како podgotovka за квалификациите во сабота.

Беше тежок ден. На првата сесија поради проблеми со сопирачките го изгубив речиси целото утро. Разочарувачки е бидејќи ви се потребни што повеќе кругови тука за да добиете самодоверба.

Момците во гаражата завршија одлична работа и го подготвија болидот за втората сесија и успеав да извртам повеќе кругови. Поради еволуцијата на патеката возите еден болид на првиот тренинг, а различен на вториот и целосно нов на квалификации каде сте до две секунди побрз.

Важно е да се адаптирате. Квалификациите ви се 99 проценти трка и тој круг ќе ви заврши голема работа на трката. Има уште многу што доаѓа. Се надевам ќе имам добри квалификации – смета Нандо.


Алонсо: Очекувајте уште многу

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>