Моторспорт кариерата на Фернандо Алонсо се наоѓа во нова фаза, а шпанецот се присетува на она што го постигнал во минатото, победите и титулите.

Двократниот Формула 1 шампион смета дека наградата 2005 Premio Principe de Asturias наградата која се доделува на личноста со значителни постигнувања во науката, хуманоста, јавните работи или спортот е најсветол момент во неговото постоење.

Premio Principe de Asturias наградата е веројатно најголемото нешто што сум го постигнал, дури и поважно од било која Формула 1 титула. таква награда менува живот на еден човек, така што тие работи се поважни и поголеми од било кој друг трофеј – смета нандо.

Шпанецот во својата кариера има 32 победи и две титули, донесе огромна популарност на Формула 1 во шпанија, а на 37 години лани стави крај на кариерата во врвот на моторспортот.

горд сум на постигнатото. сваќам колку луѓе во шпанија, особено во мојот регион астурија го следат спортот, колку луѓе патуваат во овиедо да го посетат мојот музеј и да се тркаат на мојата картинг патека.

многу луѓе поќнаа да ја следат формула 1 и моторспортот општо во мојата земја, нешто што пред мене не беше традиција. во 2001 и 2002 година не ни имавме преноси на трките, мислам дека истите започнаа кон средина на 2003 година. во моментов тоа е незавмисливо затоа што формула 1 е втор или трети спорт во шпанија и на тоа сум особено горд.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.