Фернандо Алонсо откри дека неговото откажување во првиот круг на трката во Мексико е едно во милион случаи. Ова е последен настап за Нандо во Мексико и тој се надеваше дека ќе направи добар резултат откако се квалификуваше на 12та позиција и имаше слободен избор на гуми на трка која силно ги деградира гумите. Но, тоа не се случи.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Двократниот шампион имаше чист старт, но подоцна делови од болидите на Окон и Саинз завршија во него. Со делови од Форс Индија заглавени кај ладилникот, Алонсо ја заврши трката во 5 круг откако моторот почна да прегрева и да чади од задниот дел.

Тажно беше денеска. Екстремно несреќно. Некои делови од болиди завршија во нас и се заглавија кај ладилникот. Ова е едно во милион. Тоа што се случи е чиста несреќа – смета шпанецот.

И покрај откажувањето, Нандо верува дека имал магичен ден поради подршката што ја имал од фановите.

Дури и кога бев надвор од болидот, чувството беше добро бидејќи имав одлична подршка и имав магичен ден. Сега сум тажен за резултатот, а можев да бидам помеѓу 8ма и 12та позиција и тоа немаше да ми го промени животот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.