Алонсо оптимист за шансите на квалификации

167

Фернандо Алонсо е оптимист во врска со неговите шанси за учество во К3 последниот квалификациски сегмент по првичните петочни тренинг сесии во Канада. Шпанецот постави време за топ 10 пласман во двете 90 минути сесии.

Шпанија и Монако беа две последни трки на кои Нандо се најде во К3 и сака да продолжи со тоа, но признава дека не сака да го жртвува ритамот на трка за квалификациите поради фактот што Жил Вилнев нуди многу места за претекнвуање.

Имавме позитивен Петок, болидот веднаш беше добар од првата сесија, а потоа сек онцентриравме на долги серии во К2. Конкурентни сме овдека и ни требаат резултати уште од квалификациите.

На патеката треба приоритет да ви биде ритамот на трка затоа што тука може да се претекнува и ви треба одлично издание во Недела. Не вреди да дадете се што имате на квалификации во сабота затоа што поените не се освојуваат на квалификации, но и покрај тоа смета дека можеме до К3 утре.

Немавме големи проблеми со балансот, речиси и да не го допревме сетапот, само направивме некои аеродинамички тестови на новите делови кои ги донесовме и сега треба да седнеме ида ги анализираме податоците за да го оптимизираме болидот – појасни Алонсо.

И покрај тоа што не комплетираше многу кругови на најмеката компонента, двократниот првак смета дека истата ќе донесе доста различни стратегии на трка, а смета дека е можно да се мине со едно застанување во бокс.

Ја пробав хиперсофт на Т1 и тешо е да се оцени како се однесува, но можеби е малку подобро од тоа што очекував затоа што абењето не беше лошо. Дефинитивно најбрза гума во текот на еден круг.

Трката ќе биде многу интересна затоа што некои ќе сакаат да извозат со едно застанување во бокс, а некои две со користење на хиперсофт, а тоа отвара простор за креативност. Да видиме што ќе се случи.


Booking.com

Алонсо оптимист за шансите на квалификации

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>