Фернандо откри дека не сака никаква толеранција во однос на пречекорувањето на лимитите на Формула 1 патеките. Во Мексико неговото време во К1 беше избришано поради тоа што на 11от свиок ја напуштил патеката со сите четири тркала, но тоа го направи за да избегне судар, а не за да стекне некаква предност. Иако таквата одлука му ги отежна квалификациите, шпанецот преферира да нема толеранција за излегување надвор од патеката.

преферирам да нема никаква толеранција. додека возевме во Вец во фуџи ја минавме белата линија за еден сантиметар и тие ни го поништија времето поради што не стигнавме до пол позиција.

не “ќаривме“ никакво време затоа што беше потег за корегирање на правецот, имате лош момент, завршувате надвор од патеката и ви го бришат времето. но правилата велат дека не смее да минете зад црвено белата линија и тоа е тоа.

тоа не се смета за грешка, туку за корегирање на правецот. линијата е таму и штом ја поминете без оглед на се, кругот се брише. во сите серии тоа се користи и одлично функционира – појасни алонсо.

Нандо успеа да се корегира и да стигне до 12то место на квалификациите, но инцидентот од првиот круг кога налета на остатоци на патеката му ја прекинаа трката многу рано.

немавме среќа со остатоците на патеката од болидот на форс индија пред нас кои завршија право во нашиот болид. шансата за тоа е еден во милион, но тоа сеслучи и ни ја заврши трката.

тоа е тоа, дури и во моментов сум тажен што не завршив во ден во кој имавме шанса за поени и огромна поддршка од фановите.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.