Фернандо Алонсо верува дека магичната трка во Сингапур е само еднократно издание на Мекларен и дека на следните настани повторно многу ќе се мачат. Шпанецот стартуваше од 11то место откако за малку не влезе во К3 вчера, а заврши најдобар од останатите, односно на 7мо место само зад Мерцедес, Ред Бул и Ферари.

Ова е најдобар резултат за екипата од Вокинг од Азербејџанското Гранд При низ улиците на Баку кое се возеше во Април, но и први поени на Фернандо од почетокот на вториот дел од првенството.

Ова е посебна, уникатна патека, комплексна конфигурација за сетирање и вадење максимални перформанси од болидот. Го минавме Магнусен за цел круг денеска, а во Монца и на Спа имаше многу правци и тие не минуваа за цел круг, така што свесен сум дека ова не е нормална патека и се плашам дека повторно ќе имаме големи проблеми на трките кои следат – смета Нандо.

Интересно, МЦЛ33 управуван од Алонсо го имаше најбрзиот круг на трката, но во вториот дел Кевин Магнусен го украде најдоброто време откако промени на свежи софт гуми.

Извадивме максимум. Добар старт и добра стратегија, се обидовме да оптимизираме се, првата серија со ултрасофт и потоа со жолтите софт до крајот. Ако Магнусен не променеше гуми на крајот, ќе имавме и најбрз круг на трката и ќе беше вистинска магија за нас.

Знаеме дека секое доаѓање на Сингапур имаме одлична шанса за добри поени, но многу пати сме ги пропуштале поради детали.

Единствена негативна работа на трката шпанецот смета дека е моментот кога заглавил зад Роман Гросжан пред французинот да влезе во бокс по нови гуми.

Стана комплицирано додека го чекавме Гросжан да влезе во бокс за да го подобриме темпото, но тие премногу долго се фокусираа на нас обидувајќи се да ја покријат нашата стратегија и на тој начин загубија позиција од хулкенберг и од останатите. Класа за нив – пецка Алонсо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.